СТРЕЛЕЦ

Мажот Стрелец освојува со своите љубовни стрелки: забодува една по една на сите припаднички од поубавиот пол, и на крајот, негова станува онаа која најпрво не можела да му одолее, онаа на која срцето најмногу и се разбранувало, која “паднала”... А кога со него ќе ја доживее и страста, нема да може да го заборави. Мажот стрелец освојува со неговата позитивна енергија, безграничниот оптимизам, широката насмевка и со големото количество радост кое го носи во себе. Со сите овие вродени особини претставува магнет кој привлекува. Тајната на неговиот успех всушност лежи во самиот негов карактер. Како голем ентузијаст, со многу самодоверба, а плус тоа и духовит шармер и неисцрпен забавувач мора да успее во се што поставува пред себе како цел, па според тоа и кај дамите...

Жената Стрелец кога ќе го здогледа мажот кој ја интересира испраќа стрели кон срцето или кон главата. Ако веќе на првиот поглед не може да му одолее тогаш испраќа две стрели одеднаш, и кон срцето и кон главата. Ако погоди тогаш тој е нејзин. Ако не тогаш почнува од почеток. Но ако тој побегне, таа воопшто не се возбудува и спремно чека да наиде друг. Всушност, начинот на кој оваа дама освојува може да го знае само оној кој ги поминал нејзините експерименти. Жената Стрелец е природно убава, грациозна, шармантна, елегантна и дотерана, полна со стил и дух, а со такви особини за час го заведува секој припадник на посилниот пол. Освен тоа сака да кокетира, да испраќа насекаде околу неа освојувачки, љубовни стрели и на сето згора е прилично искрена. Само потребно е да не претера, за тој да не стекне погрешен впечаток за неа и да го стори она што најмалку го посакува оваа жена, да си замине. Мажите не сакааат многу да им се раскажува за бившите љубови и успеси. Ако жената Стрелец има вакви приказни, подобро е да ги зачува во себе, за себе, а со него нека гради сосема нова љубов, од почеток. Затоа што само така ќе биде задоволен и тој и таа. Многу е подобро дискретно да се открива дел по дел од себеси, отколку да се соблечеш одеднаш. Затоа тајната на успехот на жената Стрелец е да се обиде да биде потаинствена и понедокажана. Тоа многу убаво ќе и стои.